Септима д.о.о.е.л. Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.

Политика на квалитет

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ Септима д.о.о.е.л. Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптекa. Мисија на Септима д.о.о.е.л. е давање на услуги за снабдување на пазарот со промет на големо (увоз, набавка, складирање и дистрибуција на фармацетвски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички производи и други производи од асортиманот на аптека), кои ги исполнуват барањата на корисниците и барањата на соодветните прописи и во делот на компаниите за кои Септима е застапник давање на услуги поврзани со регулативата и одржување на системот на фармаковигиланца. Септима д.о.о.е.л. има за цел да:

• обезбеди квалитет на услуги на своите корисници на домашниот пазар со компетентноста и професионалноста на вработените создавајќи додадена вредност на корисниците , вработените и општеството;

• обезбеди и покрива значителен дел од потребите на домашниот пазар

• постојано го зголемува пазарот на кој ги дава своите услуги Целта ќе ја оствариме со спорведување и подобрување на системот за управување со квалитет усогласен со барањата за ISO 9001:2015, што опфаќа:

• утврдување и управување со процесите кои водат кон создавање на задоволни корисници и спроведување на мерки за подоборување на задоволството на корисниците;

• воведување на лидерство како еден од принципите на раководењето;

• активно учество на вработените во планирањето, спроведувањето и вреднувањето на активностите во просеците на реализација на услугите;

• управување со процесите и ресурсите за спроведување, одржување и постојано подобрување на системот за управување со квалитет;

• подобрување на квалитетот на дадените услуги и производи;

• идентификација на корективни мерки и идентификација на ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди

• одлучување на основ на собрани записи и анализираните податоци;

• развивање на партнерски односи со сите заинтерсирани страни;

• постојана модернизација на опремата и обуките на вработените,

•се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти;

• добавувачи и партнери со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги;

• се обврзуваме да ги исполниме законските барања во Р.Македонија.

Во Скопје , Директор Септима д.о.о.е.л. 01.12.2017 год. дипл.фарм.Петар Катниќ

Позиционирање

Ставајќи ги корисниците на услугите во центарот на својот интерес Септима ја доби довербата на голем број странски производители на лекови препознавајки во Септима сигурен партнер кој обезбедува квалитетно и континуирано снабдување на своите клиенти и способноста да брзо реагира на барањата и промените на пазарот.