Betasan logoBetasan е реномиран производител на производи за прва помош, завои и фластери. Основан е во 1983 година а денес неговите производи се продаваат во преку 10 000 аптеки, 80% од болниците во Турција и во најпознатите трговски ланци Carrefour и Metro. Од самиот почеток Betasan е лидер во оваа област во Турција, но денес извезува производи во 56 земји ширум светот. Примарна цел на Betasan е да биде прв избор на пациентите и клиниките кога станува збор за фластери и завои, не само во Турција, туку секаде во светот.

Berlin Chemie logoBerlin – Chemie е германски член на Menarini групата, која ја завзема лидерската позиција на италијанскиот пазар веќе многу години. Тоа е компанија која е основана во далечната 1886 година во Фиренца и се развивала многу време за да биде она што е денес, а тоа е глобална фармацевтска компанија. Нивната иднина ја гледаат во континуирано истражување и интернационализација.

Chefaro Ireland logoChefaro Ireland Ltd дел од Omega-pharma е компанија чија цел е да биде во топ 10 производители на интернационалниот пазар преку развој на иновативни производи за здравствена и лична нега кои се издаваат без лекарски рецепт.

Ekuberg logoEkuberg Pharma e италијанска компанија која работи на домашниот но и на странските пазари во областа на дермо-козметички производи за осетлива кожа и кожа склона на алергиски реакции. Мисија на компанијата е развој на производи од највисок квалитет кои ќе помогнат за подобрување на квалитетот на живот.

Esensa logoEsensa е компанија која се занимава со производство на диететски суплементи, препарати за општа употреба и медицински препарати. Основана е во 2002 година во рамките на Farmalogist, а од 2008 функционира самостојно. Есенсините производи се присутни на пазарите во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија. Дефиниција за успех на оваа компанија е квалитет, доверба и задоволство кај потрошувачите и деловните партнери.
Sunstar Gum LogoSunstar Gum е компанија која се занимава со производство на дентални програми, а е основана во 1932 година во Осака, Јапонија. Седиштето на компанијата од 2002 година се наоѓа во Швајцарија. Асортиманот на Sunstar го сочинуваат различни типови на четки за заби, интердентални четки, забни конци, забни пасти и течности за испирање на устата.
Innotech International logoLaboratoire Innotech Internacional е компанија која има цврста позиција на пазарот во Европа и Јужна Америка и сега се обидува да ја зголеми својата присутност на пазарите во Африка и Азија. Нивна цел е развивање на нови производи, особено од областа на гинекологијата која е нивна специјалност преку развивање на нови и иновативни молекули.
Jugoremedija logoJugoremedija е првата компанија, која денес е акционерско друштво, за производство на лекови во Зрењанин, основана во 1961 година, но денешното име го добива во 1973 година. Таа претставува најголем извозник на лекови во својот среднобанатски регион и е присутна на многу пазари во Европа. Основен принцип на оваа компанија е примената на меѓународните стандарди за добра производна пракса во фармацевтската индустрија.
Medochemie logoMedochemie е интернационална компанија за производство на фармацевтски производи. Уште од самото основање во 1976 година компанијата се води по филозофијата дека треба на секој човек, на секаде во светот, да му се обезбедат квалитетни и достапни лекови. Седиштето на компанијата се наоѓа во Лимасол, Кипар. Добитник е на 13 награди од владата на Кипар и 3 награди од Европската Унија за извонреден бизнис перформанс.
Nepentes Pharmaceutical logoNepentes Pharmaceutical е оснавана во 1991 година. Во моментов е присутна на пазарот во 15 земји во централна и источна Европа. Компанијата веќе има создадено доста познати трговски марки, како што е трговската марка Прополки.
Octapharma logoOctapharma е глобален специјалист во областа на постапка за одвојување на плазма. Срж на нивната дејност е развој, производство и продажба на високо квалитетни деривати од плазма. Денес произведува 2 600 000 литри плазма годишно.
Remedica logoRemedica Ltd, со седиште во Лимасол, представува водечка фармацевтска компанија на Кипар. Посветена е на производство и продажба на голем грој високо квалитетни фармацевтски производи. Производственото портфолио на компанијата е поделено на повеќе категории како што се антибиотици, аналгетици, кардиоваскуларни лекови, витамини... Нивнанта производствена програма е присутна во повеќе од 70 земји на секаде во светот.
Unimed Pharma logoUnimed Pharma е Словачка компанија основана во 1994 година. Насочена е кон развој и производство на генерички офталмолошки производи. Од основањето, па до денес, компанијата има забележано многу квалитативни и квантитативни промени се со цел да обезбеди квалитет на своите потрошувачи.
Vichy logoVichy е премиум бренд за дермо-козметика под закрилата на L'Oreal. Компанијата е основана во 1931 година и уште од самиот почеток па се до денес, термалната бањска вода од топлите извори во градот Виши, Франција е единствениот извор на вода кој се користи во нивните рецептури.